Убиена Џамила ал-Шанти, првата жена со политичка фунција во раководството на Хамас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите поврзани со Хамас во појасот Газа пренесуваат дека Џамила ал-Шанти, вдовицата на ко-основачот на Хамас и првата жена избрана за политичка функција на организацијата, е убиена во израелски воздушен напад.

Во извештаите не се наведуваат детали за локацијата на ударот, само дека нападот се случил во зори.

Во 2021 година, Ал-Шанти стана првата жена избрана во политичкиот уред на Хамас, неговото највисоко тело за одлучување.

Нејзиниот сопруг Абдел Азиз ал-Рантиси беше убиен во 2004 година во израелски воздушен напад за време на Втората интифада.