Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Убиен е лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, откако утрово беше пукано во него пред неговата канцеларија во Косовска Митровица, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите, Ивановиќ починал и покрај обидите на лекарите да го спасат неговиот живот. Како што пренесува РТК, возилото марка Опел Астра, кое наводно го користеле напаѓачите, бил запален. Полицијата се уште не ја потврдила смртта на Ивановиќ.
Како што пренесуваат медиумите, на Ивановиќ било пукано кога влегувал во просториите на својата партија.
Ивановиќ беше неколку години во притвор под обвинение за воени злосторства и неодамна беше пуштен да се брани од слобода. Тој беше еден од лидерите на косовските Срби, посебно активен во периодот на бомбардирањето на Србија од НАТО.