Advertisements
Актуелно

Убедлива победа на Володомир: Комичарот Зеленски е нов претседател на Украина

Комичар Володимир Зеленски со убедлива победа во вториот круг од претседателските избори наспроти актуелниот претседател Петро Порошенко, официјално е новиот претседател на Украина.

Според анкетите, Зеленски добил повеќе од 70 % поддршка. Тој доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога беа 39 кандидати на избирачкиот список.

Досегашниот претседател Порошенко го призна поразот и му честиташе на победникот. Во говорот пред своите приврзаници тој рече дека ќе се повлече од сите функции, но потенцираше дека нема да се повлече сосема од политиката: „Ќе останам во политиката и ќе се борам за Украина“, рече 53-годишниот Порошенко.

„Јас никогаш нема да ве изневерам”, изјави Зеленски по изборите.

„Додека јас уште не сум формално претседател, како државјанин на Украина можам да им кажам на сите постсоветски држави:„Погледнете не! Сè е можно!“, додаде тој.

Претседателот на Украина има значајни овластувања во врска со безбедноста, одбраната и надворешната политика на земјата и располага со петгодишен мандат.

41-годишниот Зеленски е популарен по неговата улога во сатиричната драма наречена „Слуга на народот“ во кој неговиот лик случајно станува украински претседател.

Неговата политичка партија го носи истото име како и во серијата.

Во првиот круг, Зеленски освои повеќе од 30 отсто од гласовите – речиси двојно повеќе од Порошенко кој заврши на второто место со 15,95 %.

Advertisements
To Top