Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фитнес блогерката Мадалин Џорџета напорно работи за да одржува и промовира одлична сопствена телесна линија, со акцент на жешкиот задник кој многумина го сметаат за најсекси задник на светот.
Но, за разлика од многу фитнес инструкторки, таа својата тајна за секси задник и топ тело не сака да ја задржи само за себе, па сними и сподели видео во кое објаснува што јаде и колку и какви вежби прави за да ја одржи својата форма.
Како што може да се очекува, оваа 28-годишна секс бомба од Перт своите оброци ги подготвува сама, дома, со цел да биде сто проценти сигурна што има во нив. Во салатата која ја јаде за ручек додава спанаќ, чери домати, авокадо, пржен сладок компир, црвен кромид, фета и конзервирана пченка, а од зачини користи балсамико оцет и маслиново масло.
За вечера во стаклен сад меша слануток, пиперки, маслиново масло и еден прстофат сол и бибер. Откако ќе ги измеша тие состојки, ги префрла во сад за печење и ги пече во рерна. Освен тоа, обожава коренести зеленчуци измешани со толчен лук, лимон, сол и маслиново масло, сето тоа печено во рерна. А сака и салата од кељ и квиноа.
Кога станува збор за вежбање, тврди дека е невозможно да одржува завидни облини и фигура во форма на песочен часовник без кревање тегови.
„Кога ќе видите жена со таков изглед“, тврди Мадалин, „причините поради кои изгледа така се или генетски, како во случајот со Џенифер Лопез и Селма Хајек, или е во прашање кревање тегови или долна облека со сегачки компоненти околу половината“.
Сепак, Мадалин советува дека е подобро да работите на зајакнување на рамената пред да почнете со кревање тегови за дефинирање на секси задник и бедра.