Убавицата од најсекси спотот на сите времиња и денес бескомпромисно заводлива


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако во 1986 година победи на данскиот натпревар за Miss Universe, жешката скандинавска убавица Хелена Кристенсен со крупни чекори почна да го трасира својот ѕвезден пат во светот на модата.

Експресно се пресели во Париз, една од светските модни престолнини, каде во ’90-те години од минатиот век остави капитална и неизбришлива трага во светот на модата и манекенството.

И покрај тоа што блесна на насловните страници од сите светски модни списанија како Vogue, Harper’s Bazaar и други, а стана и заштитно лице на престижниот бренд Victoria’s Secret, најшироката јавноста ја запозна Кристенсен преку жешкиот спот на Крис Ајзак за песнат Wicked Game.

A post shared by Helena (@helenachristensen) on

Иако оваа година полни 50 години, Кристенсен дефинитивно не му се предава на времето и уште „пали и жари“ со заводливост и сексапил. Доказ за тоа се нејзините најнови фотки од летниот одмор во Австралија.

A post shared by Helena (@helenachristensen) on