Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Убавицата од Јужна Африка, Зозибини Тунзи, е избрана за нова Мис Универзум, на планетарното најпрестижно натпреварување за убавина. Оваа убавица е прогласена за најубава во изборот одржан синоќа во Атланта.
Втората придружничка е Софија Арагон од Мексико, додека за прва е избрана Порториканката Медисон Андерсон.
„Пораснав во свет во кој жената изгледа како мене, има коса и боја на кожата како мојата, никогаш не е сметана за убава. Време е тоа да запре. Сакам да ве видат деца, да го погледнат моето лице и во него да го најдат одразот на своето лице“, истакна Тунзи на бината.