Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, шпанската фудбалска легенда Икер Касиљас има нова девојка.
Славниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија Касиљас по крајот на 12 годишниот брак со убавата водителка Сара Карбонеро ја пронашол новата љубов.
Касиљас сега е во врска со Марија Хозе Камача, 43-годишна поранешна фудбалерка чие минато е обележано со трагедија. Имено, нејзиниот поранешен сопруг Франсес Арнау, кој беше голман на Барселона и Малага, си го одзеде животот во мај минатата година.
Во последните месеци се шпекулираше дека Касиљас е во врска со неколку жени, но сите по ред тоа го демантираа. Меѓутоа, сега се појавија фотографии на кои Икер и Марија разменуваат нежности и сосема е јасно дека се во емотивна врска која започнала пред три месеци.
Инаку, Икер Касиљас во летото во 2020 година поради проблеми со срцето и стави крај на фудбалската кариера во која 16 години на голот на најтрофејниот Реал Мадрид за кого одигра 725 натпревари, а потоа од 2015 до 2020 година беше на голот на Порто .