Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според бразилските медиуми, кои овие денови се опседнати со приватниот живот на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, славниот фудбалски ас е во нова љубовна врска со манекенката со хрватско потекло, Наталија Барулиќ.
View this post on Instagram
Медиумите тврдат дека капитенот на фудбалската селекција на Бразил започнал љубовна романса со убавата манекенка Барулиќ.
View this post on Instagram
„О Диа“, „Газетае Спортива“, „Капричо“ и други бразилски весници тврдат дека убавата бринета е видена на неколку средби на ПСЖ во чии дрес настапува извонредниот напаѓач и дека е прашање на време кога Нејмар и Наталија ќе ја информираат јавноста дека се во врска.
View this post on Instagram
Медиумите водено наведуваат дека убавата 27 годишна манекенка се почесто престојува во Париз.
Интересен за медиумите е и фактот што убавата Наталија до неодамна била во врска со колумбискиот пејач Малума.
Таткото на Наталија која е родена во Калифорнија е Хрват а мајката и е од Куба. Убавата манекенка во младоста била дел и од изборот за Мис на Калифорнија.