Убавината на пара оди: Лима има нова љубов?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилската манекенка и една од најубавите славни жени во светски рамки, Адријана Лима најверојатно има ново момче.

38-годишната Лима е фотографирана како се држи за рака со турскиот бизнисмен, милионерот Емир Ујар на грчкиот монденски остров Миконос.

Светските медиуми пренесуваат дека нивното „бегство“ започнало со викенд во Венеција, за потоа да стигнат на Миконос. Заедничките фотографии на Лима и Ујар станаа хит на социјалните мрежи.

Богатството на новото момче на Адријана се проценува на околу 250 милиони долари. Ујар кој е сопственик на неколку компании од сферата на туризмот, недвижнини и нафтена индустрија инаку се образувал во Германија и на Универзитетот во Калифорнија.

Медиумите пренесуваат дека досега Урал многу често можел да се види во друштво на познати и атрактивни жени.