Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хаинанските мајмуни се наоѓаат на листата на стоте најзагрозени животински видови на планетата Земја, благодарение на ловокрадството и уништувањето на шумите – нивно природно живеалиште. За среќа, сега доаѓаат вести кои пружаат надеж за опстанок на овој најредок вид на мајмун, откако беше отриена нова двојка од видот.
Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хаинан.
Имало 2.000 од нив во светот во 1950-тите години, но во текот на 1970-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-Би-Си. Според последниот попис, се зголемил бројот на Хаинански габони (Nomarket hainanus), што значи дека сега ги има вкупно 30 и живеат во пет одделни групи.
Ваквото закрепнување на загрозените видови на приматот е резултат на големата работа на луѓето што работат на проектот за зачувување на овој вид. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина на Хонг Конг.
„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите ако ги изгубевме овие прекрасни животни и нивната убава песна“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.
Познато е дека гибоните се движат низ шумската крошна, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија , додека возрасните обично „пеат“ во дуети во зори, со што ги зајакнуваат своите врски.
Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивните потомци. Откривањето на петтата брачна двојка или засебно семејство нуди надеж дека овој вид примат нема да исчезне.
Филип Ло вели дека овој вид мајмуни е сè уште многу редок, но сега постои надеж дека тоа ќе се промени и дека ќе ги има повеќе. Тој го опишува успехот како „добра вест што ги радува сите негови колеги ангажирани во зачувување на природата“.
Националниот резерват Хаинан Баванлинг прави значителни напори да го сочува овој вид мајмуни уште од 2003 година, кога имало само 13 примероци поделени во две групи.
Програмата за спасување вклучува патролирање, следење и истражување на однесувањето на мајмуните, како и засадување илјадници дрвја каде ќе можат да најдат храна и засолниште.
Во светот, поточно, од областа на северо-источна Индија до Борнео живеат околу 20 видови на гибони. Многумина се осудени на изумирање заради уништување на шумите, ловот и нелегалната трговија.
Меѓународната унија за зачувување на природата ги класифицира сите видови на гибони, вклучително и хаинанскиот гибон, како критично загрозени животински видови.