Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На иницијатива на месните заедници од територијата на планината Јабланица, на 116. седница беше прифатен предлогот за прогласување на Јабланица за национален парк.
Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.
Првиот чекор е изработка на студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја почне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски во согласност со ратификуваните конвенции и ЕУ-директивите за живеалишта и видови.