Уапсено лице осомничено за смртта на фудбалерот Емилијано Сала


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера попладне, поради осомниченост за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа, беше уапсен 64-годишен маж од северен Јоркшир.

Истрагата, која со месеци се водеше за расчистувањето на случајот и откривањето на причините за падот на авионот над каналот Ла Манш при што загина славниот фудбалски талент Сала, доведе до човекот од Дорсет. Човекот соработувал со полицијата во рамки на испрашувањето и потоа бил пуштен од притвор на слобода, но останува под истрага.

На 21. јануари Емилијано Сала со пилотот Дејвид Иботсон биле на пат од Нант кон Кардиф, каде фудбалерот се простуваше од колегите по трансферот во велшкиот клуб.

Пилотот загубил контрола над авионот кој падна во водите од Ла Манш.

Телото на 59-годишниот пилот не е најдено во остатоците од трупот на авионот, најдени на 3. февруари. Телото на Сала е најдено и идентификувано преку отисоци на прстите.