Уапсено е лицето по кое беше распишана потерница за упадот во Собранието!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полицијата го уапсила Младен Додевски за кого беше распишана потерница, а тој е еден од петмината осомничени за упадот во Собранието или „крвавиот четврток“. Останатите четвроица се се уште во бегство.

Интерпол на 4 јануари освен по него, распиша потерница и за Никола Митревски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27 април лани.

Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.