Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руските власти денеска покренаа обвиненија против двајца агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и против еден вработен во компанијата за кибер безбедност Касперски поради предавство во интерес на САД.
Адвокатот на еден од обвинетите, Иван Павлов соопшти дека двајцата службеници на ФСБ, Сергеј Михаилов и Дмитриј Докучаев, кои биле вработени во одделот на Службата за кибер безбедност, се обвинети за соработка со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).
Михаилов и Докучев беа упасени лани во декември под сомнеж за шпионажа во полза на САД.
Вработениот во Касперски пак е уапсен под обвинение дека соработувал со двајцата агенти на ФСБ при нивното предавство.