Уапсени тројца прилепчани кај Сити Мол!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, во близина на трговскиот центар Сити Мол се уапсени тројца прилепчани на возраст од 31 до 42 години.

На 10.01.2018 година околу 21,50 часот полициски службеници од ПС Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ “Сити Мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција.

Имено при прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум непознат калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго, стои во соопштението на МВР

Истовремено во ПС Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.