Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Косовската полиција за јавноста соопшти дека во домот за стари лица во Пеќ се приведени три лица поради сомнение дека извршиле физичко насилство врз постара штитеничка. На истите им беше одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Според тамошните медиуми, полицијата реагирала откако на социјалните мрежи се појавила снимка од медицинска сестра која и удира шамар на штитеничка од домот за стари лица „Оренда“.
what the actual fuck pic.twitter.com/CFih4K5LG8
— 𝐀𝐥𝐤𝐞𝐭𝐚 (@alkeetaaa) November 2, 2022
Фадиљ Гаши, портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, изјавил дека нападот се случил на 29 октомври, а медиумите на албански јазик во Косово и Метохија објавија дека се уапсени три лица.
„Клан Косова“ јавува дека меѓу уапсените се и менаџерот и две медицински сестри.
Снимката од насилството врз старицата ја пренесоа речиси сите електронски медиуми на Косово и Метохија, а за случајот беше ангажирана и здравствената инспекција, пренесуваат тамошните медиуми.
Таткото на една од уапсените медицински сестри јавно му се извини на семејството на жртвата.
Таткото на медицинската сестра која физички нападна постара жена во Пеќ, Наим Пељај, јавно се извини за постапката на неговата ќерка. Тој во изјава за „Клан Косова“ јавно му се извини и на семејството на Нура од Ѓаковица, велејќи дека објавените видеа длабоко го погодиле него, но и неговото семејство.
„Почитувано семејство и мајка на борецот за слобода, Тауланта Нура, благодарение на чија пролеана крв, денес уживаме во слободата. Ја споделуваме вашата болка и сочувствуваме со вас во болката што ви ја предизвика нашата ќерка“, рече Пељај.
„Знам дека поминувате низ тешки времиња, но дозволете ми јавно да ви се извинам во името на моето семејство Пељај, од Нови Село кај Пеќ, вам, на семејството Нура и на целиот албански народ. Со Божја помош овој случај нема да се повтори. Морално и духовно, животот ви го должиме вам, семејството на Нура од Ѓаковица, за духовната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“.
Пељај побара правосудните институции да се позанимаваат со овој случај.
„Во случајот со нашата ќерка бараме правосудните институции да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои и се товарат“, заклучи Пељај за „Клан Косова“.