Уапсени пироманите: Кривични пријави за малолетниците кои палеа палми во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во известувањето од МВР се надлежните служби соопштија дека уапсени се и поднесена е кривична пријава против две лица на возраст од 17 години кои ги запалија палмите пред клиниката од Жан Митрев. Освен нив, уапсен е и уапсен возачот на Голфот , 18 годишник од Гостивар.

Во врска со случајот од 15.08.2018 година околу 02,40 часот кога две непознати лица запалиле дрво (палма) пред клиниката Жан Митрев во Скопје, по преземени мерки на 16 август во Полициска станица Кисела Вода се повикани три лица и со истите е обавен разговор.

Во консултација со Јавен обвинител по целосно докуемeнтирање на случајот против две лица на возраст од 17 години од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од КЗ на Р.Македонија.

Третото лице, 18 годишен жител на Гостивар го управувал патничкото моторно возило „Голф 4″ со кое пристигнале на местото на настанот, соопшти МВР.