Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Над 120 мафијаши, припадници на италијанската криминална организација Камора беа уапсние во специјална полициска операција која беше спроведена во различни делови на Италија, пренесува Би-Би-Си.
Италијанските безбедносни сили утрово соопштија дека се притворени стотици учесници во организираната криминална група.
– Во операцијата против Камората се конфискувани имоти и други предмети во вкупна вредност од 130 милиони евра, соопшти Министерството за внатрешни работи во Рим.
Притворените членови на влијателните мафијашки кланови Контини, Милардо и Личарди се обвинети за создавање и учество во организирана криминална група, рекетирање, трговија со оружје и наркотици, перење пари и друго.
Доколку бидат прогласени за виновни, тие можат да добијат доживотни казни.