Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Штипската полиција информираше дека се приведени двете лица кои се малтретираа и тепаа 21-годишна девојка во станбена зграда и сето тоа го снимаа со мобилен.
Снимката која ја направиле двете лица за време на немилиот настан кружеше на социјалните мрежи.
Од штипското јавно обвинителство соопштија дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот.
Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка.
Случајот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат најстроги казни за насилниците. Според адвокатот Александар Тортевски делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.
Гледам вести на Телма и не ми се верува. Објавуваат дека за насилството во Штип е запретена казна од 3 м. до 3 год. НЕТОЧНО,делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) April 2, 2020
Девојка која беше тепана од двајцата штипјани за новинарот Фуркан Салиу изјави дека видеото е старо два месеци. Таа вели дека била во врска со еден од двајцата насилници, но раскинале.
„На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци“ – вели девојката.