Уапсени 667 лица за време на немирите кои повторно ја тресат Франција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вкупно 667 лица се уапсени во Франција, потврди министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, откако трета ноќ по ред избија немири низ целата земја за време на протестите поради смртта на тинејџер во полициска акција на почетокот од оваа недела.

Низ Франција синоќа беа извршени нови апсења, за време на трета последователна ноќ на немири.

Во Нантер, во западното предградие на Париз, каде во вторникот беше убиен 17-годишниот Нахел М., демонстрантите запалија автомобили, поставија барикади на улиците и фрлаа предмети кон полицијата.

Во центарот на Париз е провалена продавница за чевли Најк, а неколку лица се уапсени бидејќи биле искршени стаклата на шопинг улицата Ру де Риволи, соопшти париската полиција.

Видеата на социјалните мрежи покажаа бројни пожари низ целата земја, вклучително и автобуска станица во предградие северно од Париз и трамвај во Лион.