Уапсена „жената-мачка“ – дечкото го потурила со врел восок и го бодела со ножици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозелин Вилденштајн, 71-годишната жена која се прослави со прекарот „жена мачка“, е уапсена откако го нападнала својот партнер Лојд Клајн.

Имено, „жената мачка“ се прослави низ светот со бројните пластични операции после кои сакаше да личи на своето омилено животно. Освен тоа, позната е и по фактот дека извлече најмногу пари во бракоразводна парница што се случила некогаш – дури две и пол милијарди долари.

12-12-wildenstein1

Жозелин тешко го повредила својот партнер, кој морал да се скрие во орманот и да го дочека доаѓањето на полицијата која, всушност, и му го спасила животот. Таа го нападнала со ножиците, а потоа му посипала врел восок на лицето.

Наводно, на Жозелин ѝ пречело тоа што Лојд премногу време поминува на социјалните мрежи, а нападот се случил во текот на романтичната вечера на која тој користел лаптоп. Почнала да вреска на него, а потоа земала една од свеќите на масата и му го фрлила в лице врелиот восок. Продолжила со нападот гребајќи го по лицето, па ги земала ножиците и тргнала кон неговиот граден кош, успевајќи да го прободе два пати. Исто така, Жозелин му се заканувала дека ќе го убие.

Тој влетал во орманот и ја повикал полицијата, а полицијата брзо пристигнала и ја уапсила „жената-мачка“. Двојката е во мошне турбулентна врска од 2003 година.