Уапсена „Црната вдовица“: Падна секси сопругата на најмоќниот наркобос во Рио


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вдовицата на шефот на картелот е уапсена откако таа иницираше вооружена акција за да ја врати територијата која некогаш ја контролираше нејзиниот сопруг.

Данубиа Рангел (33) започна крвава борба во Росиња, најголемата фавела во Рио де Жанеиро. Стана кралица на гетото откако се омажи за озлогласениот наркобос и ја презеде неговата банда.

Сепак, набрзо беше избркана од противничката банда која ја водеше еден од бившите помошници на нејзиниот сопруг.

Рангела, наречена и „шериф на Росиња“, во август, наводно, повела 100-тина вооружени соработници за повторно да ја преземе контролата врз споменатата фавела. Од тогаш, во оваа позната фавела во Рио владее насилство – престрелките се зачестени, а засега има десет убиени луѓе.

Кон крајот на минатиот месец беше испратена војска, а откако 1.000 војници ја опколија областа, 50 војници беа испратени да ја уапсат Рангел. Обвинета е за својата улога во насилството во фавелата.

Нејзините бивши не завршиле добро

Бега од полицијата уште од минатиот март, кога беше осудена на 28 години затвор поради трговија со дрога. Поради нејзиното минато, бразилските медиуми ја нарекуваат Црната вдовица.

Нејзин прв сопруг беше Луис Фернандо да Силва, познат како Мандиоса, дилер на дрога кој настрада во судир со полицијата во 2003 година.

Две години подоцна полицијата го уби и нејзиниот тогашен дечко, Марсел де Соуза Андраде.

Подоцна се омажи за Антонио Франциско Бонфирм Лопез, познат како Нем, кој ја контролираше дрогата во фавелата Рохиња. Работеше како негова десна рака откако беше затворен.