Уапсена руска шпионка: „Разменувала секс за влијание“ за да се инфилтрира во системот на САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


29-годишната Русинка Марија Бутина е обвинета дека преку низа активности, како шпионка, се обидела да се инфилтрира во американскиот политички систем, на команда на владата и со помош на свој американски партнер. Американски обвинители изјавија дека „разменувала секс за влијание“.

Американската влада објави документ со причините поради кои обвинителите сметаат дека Бутина, која во САД пристигнала во 2016 со студентска виза, откако беше уапсена, треба да остане во затвор до судењето. На сослушувањето во сојузен суд во средата, Бутина изјавила дека не е виновна за шпионирање и одреден ѝ е притвор без кауција.

Обвинителите во судските документи навеле дека единствената врска со САД ѝ е „приватен однос“ со неидентификуван маж, чиј опис се покопува со републиканскиот политичар Пол Ериксон, објави Вашингтон пост. Иако Бутина живеела со тој маж, врската била „лажна“, изјавија обвинителите и навеле дека само го искористувала за свои цели.

„Бутина најмалку еднаш му понудила на маж секс во замена за позиција во една интересна група“, се вели во извештајот.

Судските документи покажуваат дека американски политичар се обидел да ѝ помогне на Бутина да дојде до Вашингтон и ѝ кажувал кои луѓе треба да ги запознае. ФБИ објави дека се обидела да воспостави однос со „организација за оружје“. Висок американски функционер потврди за Ен-би-си дека станува збор за најмоќното лоби за оружје во САД, НРА.

Обвинителите изјавија дека Бутина била штитеничка на рускиот политичар и банкар Александар Торшин. Ја цитираа неговата порака до Бутина од март 2017 во која се спомнува нејзиното минато како активистка за правото на носење оружје.

Нејзиниот адвокат изјави дека сите нејзини врски со руски функционер се поврзани со нејзиниот активизам за оружјето во Русија. „Мојата клиентка таму е славна“.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека времето на апсењето на Бутина се поклопува со времето на средбата на Трамп и Путин. „Изгледа дека некој пресметал кога треба да биде уаспена, за да направи сѐ за да пропадне резултатот од самитот на рускиот и американскиот претседател“.

Извор: Мкд.мк