Уапсена и мајката од малолетникот кој го изврши масакрот во белградското основно училиште


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српските полициски служби ја уапсија и мајката на малолетниот Коста кој утрово изврши масакар во основно училиште во белградската населба Врачар и при тоа уби 8 деца и чуварот во училиштето.

Момчето од куќата одзело ЦЗ99 со три шаржери и четири молотови коктели. Влегол во училиштето и најпрвин се скарал со чуварот по што пукал во него од 14 метри далечина и го убил. Својот крвав поход го продолжил низ ходникот каде застрелал три девојчиња. Потоа, влегол во училницата по историја и стрелал во наставничката и во учениците. Кај него е пронајден и пиштол од мал калибар по апсењето.

Претходно полицијата информираше дека уапсен е и неговиот татко. Таткото бил сопственик на пиштолите со кој малолетникот го извршил масакарот.