Уапсен возачот на камионот со 39 мртви тела – ги возел на минус 25 степени Целзиусови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британските полициски служби го уапсија ирскиот возач кој го управувал бугарскиот камион во чиј контејнер беа откриени 39 мртви тела.

Во контејнерот на бугарскиот камион температурата изнесувала минус 25 степени , така што британските истражители сметаат дека 39- те мажи , меѓу кои и тинејџерот , можеби загинале од премрзнување

Возилото било пронајдено непосредно пред 01:40 часот по полноќ во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, соопшти полицијата.

Полицијата од Есекс соопшти дека приколката е преместена на сигурна локација каде што можат да се идентификуваат телата на оние што се внатре – тинејџер и 38 возрасни.

Возачот, именуван како Мо Робинсон (25) од Портадаун, округот Армаг, во Северна Ирска, е уапсен под сомнение за убиство.

Полицијата од Есекс соопшти дека приколката пристигнала преку траект од Зејбриг, Белгија, во Перфлит на реката Темза.

Бродот се вкотвил во областа Турок, малку по 00:30 часот, соопшти полицијата.

Се верува дека камионот потоа го напуштил пристаништето околу 35 минути подоцна.

Заменик началникот Пипа Милс рече дека идентификувањето на жртвите останува „приоритет број еден“, но се очекува тоа да биде „долг процес“.

Националната агенција за криминал соопшти дека испратила офицери да им помагаат и да ги идентификуваат сите „групи на организиран криминал кои може да имаат улога“.

Ричард Бурнет, главен извршен директор на Здружението за патиштата, изјави дека контејнерот бил ладилник, каде што температурите може да бидат и до -25C.

Тој ги опиша условите „апсолутно ужасни“за секој што би останал внатре во контејнерот- ладилник.

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи потврди дека камионот е регистриран во Бугарија.

„Камионот Сканија е регистриран во Варна под име на компанија во сопственост на ирски државјанин“, соопштија од МНР на Бугарија.

„Полицијата информира дека е малку веројатно дека тие се Бугари“.

Полицијата апелира до сведоците и секој со информации за трасата на камионот да контактира со нив.

Од таму соопштија и дека предниот дел на камионот потекнува од Северна Ирска.