Уапсен „царот“ кој ја клекна Памела на колена: Светот го лажеше дека е „Принц на Црна Гора и Македонија“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанската полиција го приведе Стефан Чернетиќ поради тоа што со години лажно се претставуваше како „принц од Црна Гора и Македонија“ и со тоа насамари многу претставници на џет-сетот живеејќи на нивна сметка.

Тој и неговиот соработник се обвинети за лажно претставување и фалсификување документи, а за мерцедесот со лажни дипломатски таблици се најавува посебна казна.

Благодарејќи на профилите на социјалните мрежи, преполни со фотографии од елитни случувања, Стефан Чернетиќ од Торино успеа на светот да му се претстави како потомок на династијата Црнојевиќ, и „принц од Црна Гора и Македонија“.

Со лажната титула, тој успеа да се сретне со многу претставници на кралските династии низ светот, седеше на иста маса со принцезата Ирена од Грција и Данска во Атина, а присуствуваше на трката на Формула 1 во Монако, во друштво на шеик и супер модели.

На листата насамарени се наоѓа и Памела Андерсон, која не само што поверува во легитимноста на престолонаследникот на Црна Гора и Македонија, туку и клекна пред него за да ја прими титулата грофица од „Санта Марија“ и да биде прогласена за „Големата дама на Црна Гора“.

На социјалните мрежи се гледа дека се среќавал и со угледни католички и православни свештеници кои не се посомневале во неговиот идентитет. На неговиот сајт princeofmontenegroandmacedonia.eu се слушаат постојано песната „О светла мајко зоро, мајко наша Црна Горо“.

Лажниот принц беше откриен кога направи огромна сметка во елитен ресторан во Фусина, и кога менаџерот фактурата ја проследил до македонсата амбасада во Италија.

Стигнал одговор – Не ни испраќајте сметка, принц немаме, а сигурно не го делиме со Црна Гора.

Извор: А1Он