Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои и Мaкедонија, а кој се бараше со потерница од страна на романските власти е уапсен во Тел Авив под сомниние за перење пари, јавуваат медиумите.
Штајнмец е сопственик на компанијата „Cunico Resources“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово.
Како што пренесуваат израелските медиуми, Штајнмец заедно со уште тројца бизнисмени бил приведен на испрашување поради потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја.
Според израелските медиуми, во понеделникот биле претресувани домовите на четворица уапсени бизнисмени, кои се товарат за криминал тежок 150 милиони евра.
Извор: Фокус