Уапсен Сокол Митревски, бившиот градоначалник на Ѓорче Петров – еве за што е приведен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот градоначалник на општина Ѓорге Петров, Сокол Митревски е приведен за незаконска приватизација на земјиште.

Како што соопшти Обвинителството, тој и уште неколку лица од општината овозможиле земјиштето во сопственост на општината да биде откупено за едно евро/м2, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока.

На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.