Уапсен рускиот министер за економија – фатен на лице место како зема мито


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев нешто по полноќ е уапсен во Москва под сомнение за корупција, објави Раша Тудеј.

Министерот бил фатен на самото место како зема мито. Портпаролката на истражниот комитет изјави дека Улјукаев е уапсен под сомнени дека примил мито од 2 милиони долари, за неговото Министерство да даде позитивно мислење на компанијата Росњефт за купување 50 проценти акции кои руската држава ги има во нафтената компанија Башњефт.

-Се работи за изнудување мито, заедно со закани упатени до сопственикот на руската нафтена компанијата во која државата има мнозински капитал Росњефт. Улјукаев е фатен на дело при примање на парите, изјави портпаролката на Истражниот комитет.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за асењето. Тој рече дека обвинувањата се сериозни и бараат многу сериозни докази.

Медиумите коментираат дека Улјукаев е највисок руски функционер уапсен од падот на Советскиот сојуз во 1991 година.