Уапсен Руперт Штадлер, директорот на гигантот „Audi“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на компанијата „Audi AG“, Руперт Штадлер беше уапсен денес во Германија, потврди портпаролот на Volswagen, а пренесува Ројтерс.

Според известувањето, пак, на Дојче Веле, Штадлер бил приведен во рамки на истрагата за случајот „Дизелгејт“ (Dieselgate).

„Можеме да потврдиме дека Штадлер е уапсен утрово. Процесот на одлука дали и понатаму ќе биде во притвор или не сè уште е во тек“, изјави портпаролот на VW, додавајќи дека во сите случаи, па и во овој, мора да се потенцира презумпцијата на невиност.

Од „Audi“ сè уште немаат излезено со соопштение за случувањето. Исто така, уште се чека на ставот од минхенското обвинителство и самиот директор.