Уапсен поранешниот претседател на Барселона


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Сандро Росел денес бил упасен во Шпанија, пренесува „АС“.

Истиот извор наведува дека некогашниот прв човек на каталонскиот гигант е обвинет за „перење пари“ во износ од 35 милиони евра.

Истражителите се сомневаат дека Росел заедно со раководството на Фудбалскиот сојуз на Бразил незаконски присвоил 15 милиони евра, бидејќи нелегално ги продал правата на фотографиите на бразилската репрезентација и емитувањата на пријателските натпревари на Барселона.

Против Росел, исто така, се води постапка за измама и опструкција во работењето на трансфер пазарот во услови на слободната конкуренција.

Росел, кој беше претседател на Барса од 2010 до 2014 година е осомничен и за „перење пари“ и трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона.