Уапсен најбараниот Хрват на светот: Тодориќ притворен во Лондон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најбараниот Хрват во овој момент, сопственикот на концернот „Агрокор“, кој се наоѓа на црвена потерница, се предаде на лондонската полиција, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што пренесува регионалната TV N1, хрватската полиција примила известување едка изутрина во 09:04 часот по локално лондонско време, Ивица Тодориќ бил повикан во полициската станица Черинг Крос во Лондон, каде бил уапсен по европски налог за апсење.

Според сознанијата кои ги пренесува TV N1, Тодориќ сам се пријавил во лондонската полиција и бил притворен веднаш штом стигнал таму. Соработниците на Тодориќ очекуваат дека тој, после разговорот со него, ќе биде пуштен со кауција за да се брани од слобода.

Тодориќ во лондонската полиција пристигнал во придружба на неговите британски адвокати.

Неофицијално, хрватските медиуми пренесуваат дека Тодориќ овие денови собирал пари за плаќање на кауцијата, за да се брани од слобода. Се очекува официјално соопштение од хрватското Министерство за внатрешни работи и DORH, кои ја водат истрагата против Ивица, неговите соработници и синовите.

Хрватски Nacional објави дека денес, официјални власти од Загреб, на две високи нивоа за тоа ги известиле лондонските власти за да го лоцираат Тодориќ. „Постојат две нивоа на комуникација, полициска и разузнавачка. Високи полициски претставници контактираа со нивните британски колеги. Истото го направи и разузнавачката служба“, тврди овој неделник.

До тие информации, велат, се дошло со реконструирање на телефонските броеви со кои се служи Ивица Тодориќ, како и членовите од неговото семејство.

За Тодориќ минатата недела беше распишан европски налог за апсење, а кога беше објавено дека тој сега е најбаран на листата на Европската полиција, истиот ден се огласи сопственикот на „Агрокор“ и на својот блог напиша дека хрватските власти цело време ја знаат неговата точна адреса, но премиерот Андреј Пленаковиќ на некој начин го демантираше тоа.

„Моите адвокати се во постојан контакт со властите и надлежните институции на кои им е позната мојата адреса, и тоа уште пред против мене да бие иницирана било каква истрага“, напиша Тодориќ, додавајќи дека не се крие и дека совеста му е чиста.