Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На фудбалерот на Виљареал, Рубен Семедо му се заканува затворска казна откако е обвинет за киднапирање и малтретирање на едно лице.
Имено утрово во Шпанија, полицијата го уапси фудбалерот на Виљареал, Рубен Семедо под обвинение за киднапирање, претепување и грабеж.
Како што тврдат обвинителите, Семедо и двајца негови пријатели киднапирале човек со кој влегле во расправија во една дискотека, па го земале со себе под закана со оружје и го одвеле во куќата на Семедо. Наводно тие под присила го однеле во домот на Семедо, му ги зеле клучевите и му го ограбиле станот.
Проблематичниот Португалец и е познат на шпанската полиција, бидејќи и порано беше успаен во еден ноќен клуб во Валенсија каде пукаше од пиштол. Во друг случај, исто така во ноќен клуб, нападна друг гостин со шише и му нанесе повреди во пределот на главата.
Рубен Семедо кариерата ја започна во Спортинг, а минатото лето од Лисабон за сума од 14 милиони евра се пресели во Виљареал.