Уапсен Емил Јакимовски – лицето кое ширеше закани и говор на омраза на социјалните мрежи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полициските служби денес го приведоа Емил Јакимовски, лицето кое деновиве беше актуелно поради заканите и говорот на омраза кои ги ширеше на социјалните мрежи.

Засега нема информации за кое дело е приведен поранешниот вработен во Централниот регистар и дали е поврзано со последната пријава од новинарките Јордановска и Коровешовска. Тој до надлежните служби беше пријавен новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ за навреди и закани преку социјалните мрежи, пренесува А1 он.

Против Јакимовски кој беше вработен во Централниот Регистар, имаше повеќе пријави за сличен тип испади и инциденти. Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски минатиот викенд му даде и отказ поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

Пријави во полиција против Јакимовски има поднесено од повеќе лица, меѓу кои и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.