Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На 15 декември, во вечерните часови, полициски екипи од Скопје и Битола, во организирана акција го уапсија 29-годишниот битолчанец кој е осомничен дека е вмешан во фингирано извршување кривични дела грабнување и изнуда.
Како што информираат од МВР, на 14 декември таткото на 29-годишникот во битолската полиција пријавил дека неговиот син бил киднапиран и дека грабнувачите бараат пари за негово ослободување.
Полицијата веднаш презела мерки и го расчистила случајот, при што утврдила дека станува збор за исцениран настан, во кој, покрај 29-годишниот битолчанец, биле вмешани уште неколку лица, со кои тој претходно се договорил да изнудат пари од неговите родители.
Битолчанецот и од претходно ѝ е познат на полицијата бидејќи бил пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон повеќе лица.
Тој бил приведен додека влегувал во автомобилот „Алфа Ромео“, сопственост на татко му, за кое тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од означените пари што биле предвидени за негов наводен откуп.
По документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава до битолското Основно јавно обвинителство.