Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Движењето „Тврдокорни“ најави дека ќе организира нов граѓански отпор насловен како „Движење за враќање на Македонија на Македонците“. Преку соопштение порачаа дека граѓанското движењето ќе биде против колонијалната потчинетост и враќањето на македонската сувереност, а најавија можност за формирање Горен национален дом кој ќе ја контролира работата на Собранието.
Во продолжение го објавуваме соопштението во целост:
Почитувани, браќа, сестри, родољуби и сите македонски пријатели,
Ве известуваме дека соочени со безмилосни напади од национален карактер со желба да дадеме придонес во одбраната на македонските национални права започнуваме со организирање на движење на граѓански отпор под називот „Движење за враќање на Македонија на Македонците“.
„Уште во Коложег на почетокот од оваа година (МОС, ТВРДОКОРНИ, ПРЕРОДБА, СМК) најавивме самостојно организациското обликување на движење за граѓанска непослушност. Граѓанско движењето против колонијалната потчинетост и враќање на македонската сувереност. Поедноставно кажано – враќање на Македонија на Македонците.
Но, од моментот на најавата со оглед на потребите за противодговор на тековните напади, давајќи придонес во разни содејства со други родољубни субјекти, а знаејќи за потребата од голема и непрекината посветеност, го одлагавме почетокот на организациско градење на движењето.
Првиот родољубен протест во почетокот на 2017 година од пред Соборен Храм Св. Климент Охридски започна со зборовите: „Се собравме овде на ова свето место за со молитва да означиме почеток на едно големо дело – ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!“.
Од тогаш сите досега преземени дејства претставуваат заокружен систематизиран продолжеток (континуитет) во постигнувањето на таа цел. Како задача од првиот стадиум до крајната цел беше преку разни протести да се поттикне јавно искажување на народното незадоволство и со тоа да се стекне правна основа за борба против украдената држава, против подметнатите и поткупените политичари – колонијални слуги. Преку изрази на јавно негодување да се разбива тишината на колонијално-окупациската атмосфера. Бидејќи, сегдеприсутното домашно, чаршиско или незадоволство преку социјалните мрежи нема важечка (валидна) правна основа за да се повика против политичкото насилство кое ние Македонците го живееме и трпиме.
Излезе дека истото го сфатиле и други македонски родољубни организации и поединци. Така самостојно или заедно со нив секој со свој придонес успешно беше исполнета задачата на првиот стадиум. Народното незадоволство против узурпаторите на државата е искажано јавно и недвосмиселно и тоа е правно несоборлив факт. Стадиум која заврши со одбивањето на безчесниот ‘референдум за преименување’.
Следни задачи од наредните стадиуми се: разобличување – уште пошироко и уште појасно истакнување на прикриените злонамерности кај домашните и надворешните глобалтоталитаристи. Субјективно означување – идеолошко и терминолошко означување на крадачите на општите македонски национално-општествени добра. Будење на општествената должност – поттикнување за исполнување на општествената должност. Секој совесен граѓанин секојдневно и секаде да понесе дел од товарот за постигнување праведен политички систем, затоа што и придобивките се заеднички. Политичко заокружување на движењето кое ќе направи притисок за правни промени во политичкиот систем за заштита од внатрешни и надворешни злоупотреби.
Секој народ што ќе се избори за здрави политички услови, во тие услови е способен за стопански и културен напредок. Ние имаме еден живот и срамота е ако си дозволиме целиот наш живот да ни помине занимавајќи се како да излеземе на крај со каприците на политичарите како Бранко, Љубчо, Грујо, Заев и други прости егоманијаци пробиени на одговорни функции кои ги користат и наивноста на граѓаните и слабостите на недоработениот правно-политички систем.
Во меѓувреме веќе постојат повеќе повици со слични цели за здружено организирано родољубно делување. На некои одговоривме и полноправно или странично учествуваме. Следен проект за кој ќе превземеме одговорност ќе биде развивање на самостојно организиран облик затоа што мислиме дека соодветно на радикалноста, решителноста, тврдокорноста можеме да примениме начела битни за успехот, а кои се изоставени во другите здружени сојузи.
Така, според најавеното од почетокот на оваа година, за исполнување на наведените задачи ги изнесуваме темелните определби за градење на вообличено национално движење:
Име на движењето: „Движење за Враќање на Македонија на Македонците“;
Скратеници: ДВМнМ, ДВММ, ДММ;
Слоган: „Во служба и заштита на обичниот Македонец и обичниот човек“ (In service and protection of ordinary Macedonian and human).
Скратени облици: „Во служба и заштита на обичниот Македонец“ (In service and protection of ordinary Macedonian); „Во служба на обичниот Македонец“ (In service of ordinary Macedonian)“.
Главна Цел: Враќање на македонскиот национален суверенитет. Македонскиот народ да биде суверен во градењето на животот во својата земја Македонија со почитување на сите оние права на другите етнички заедници кои не го нарушуваат македонскиот суверенитет;
Правно-политичка цел: Создавање на траен Горен Народен (Национален) Дом во кој со мерки за ограничување на партиското влијание национално најзаслужните граѓани избрани на општи избори ќе го контролираат работењето на Долниот партиски дом. Вклучително избор и контрола на работењето на судовите. Правилното остварување на оваа крупна правно-политичка мерка ќе значи завршна победа на нашите заложби за постигнување на главната цел;
Носители на движењето: родољубните организации со неизвалкана морална сила на делување и сите храбри слободумни луѓе, се вели во соопштението на Тврдокорни.
Фото: Макфакс