Тврди дека за 12 недели ја направил оваа импресивна трансформација (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Типот кој тврди дека направил фантастична телесна трансформација во само 12 недели, објави „time laps“ снимка од својот подвиг и стана хит на социјалните платформи и пошироката интернет заедница.

24-годишниот Хантер Хобс од Норман, Оклахома, во само три месеци успеал да ослабен 19 килограми и од „пивски“ стомак да дефинира перфектни „six pack“ стомачни мускули.

Експериментот го започнал од љубопитство, а признава дека тоа е нешто најтешко што досега го има направено. Во тие 90 дена, 5-6 пати неделно кревал тегови во теретана. Кога го започнал експериментот, користел потешки тегови, за потоа постепено да се префрла на полесна тежина и на забрзано темпо.

Но, најтешкиот дел за Хантер, кој работи канцелариска работа во една нафтена компанија, бил режимот на исхрана, за кој верува дека најмногу помогнал во неговата трансформација.

Обично јадел пилешко, сладок компир, зобна каша, салати, бадеми, протеински шејкови и други диетални намирници. „Сам си ги готвев сите оброци и од нив си носев на работа, па ретко јадев во ресторани“, вели за Daily Mail.

Додава дека пиел големи количества вода (барем 3,5 литри дневно), но избегнувал газирани пијалоци и алкохол (освен во неколку посебни пригоди).

На почетокот од трансформацијата се чувствувал „исцрпено, демотивирано и секогаш гладно“. После околу три недели, кога сам ги забележал реалните промени и кога телото му се навикнало на таква динамика, се чувствувал сè подобро.

„Оваа трансформација треба да биде екстрем, а не нешто долгорочно. Продолжувам да одам во теретана пет-шест пати неделно, но нема толку да внимавам што и каде јадам и пијам“, заклучува тој.