Тврди дека веганството може да се перцепира како религија – бара судска заштита


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британецот Џорди Касамитјана е веган кој иницираше правна дебата за тоа дали веганството може да се третира како вера, односно форма на филозофско уверување.

Касамитјана работел во „Лига против сурови спортови“, хуманитарна организација за заштита на животните, а тврди дека оттаму бил отпуштен откако дознал дека организацијата парите од пензискиот фонд ги вложува во фирми кои своите производи ги тестираат на животни. Додека Џорди тврди дека е дискриминиран, од организацијата велат дека го отпуштиле поради недолично однесување и непочитување на правилата на организацијата.

„Некои луѓе јадат само веганска  храна бидејќи се грижат за своето здравје. Нив не им е гајле за околната или животните, но јас се грижам. Затоа го употребувам поимот етичко веганство, верувам дека веганството влијае на сите аспекти на мојот живот“, вели Џорди за ВВС.

Објаснува дека обичните и етичките вегани јадат иста храна, но дека етичките вегани, исто така, избегнуваат било какво искористување на животните и не користат производи кои се тестираат на животни.

За спорот кој го покрена Џорди ќе одлучува комисија за работнички спорови, а доколку се утврди дека тој има правна основа за тужба, случајот ќе се пресели на суд. Во тој случај веганите би имале основа за борба против дискриминација на работно место.

„Важно е законот да ги штити веганите“, порачува Џорди.