Тврди дека со еден допир го зголемува половиот орган на мажите и градите на жените


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Проповедник од Гана вели дека е благословен со посебна моќ да може на другите мажи со еден допир со своите раце да им го зголеми половиот орган, а на жените задниците и градите.

Проповедникот и бискуп Даниел Обиним тврди дека „Бог му дарил посебни моќи“ да може да им ги зголемува половите органи на мажите и градите на жените, како и други делови од нивното тело, а на интернет е објавена и снимка од проповедникот во акција, пишува Mirror:

„Ако не ви се допаѓа било кој дел од вашето тело, дојдете кај мене. Што е тоа кое вие го сакате, а јас да не можам да ви го понудам?“, вели Обимин на снимката објавена на Obimin TV.

„Ако сакате поголеми бедра, можам да го направам тоа за вас, ако сакате поголеми гради, можам да ви помогнам. Ако имате мала машкост, можам да го промена тоа“, им ветува тој на верниците во Гана.

На видеото кое го објави Меѓународната црква на божјиот пат е прикажано како тој ги има наредено луѓето кои стојат пред него со раце кренати во воздух, додека тој „им ги пренесува чудотворните моќи“. Нормално, проповедникот нема понудено никакви докази за неговата тактилна способност.