Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Задгробниот живот за многумина е најголема и вечна мистерија и фасцинација, па би дале сè за да дознаат што се случува откако човекот ќе умре. За таа тема постојат разни и најразлични мислења, а некои луѓе веруваат и тврдат дека виделе и посведочиле што се случува после клиничката смрт, после која повторно се вратиле во живот.
Едно од последните такви сведоштва кое стана вирално на интернет е на еден Reddit корисник кој на споменатата социјална платформа напиша дека бил „медицински мртов“ и дека не само што го видел „животот после смртта“, туку видел и што се случува со „добрите“ и „лошите“ луѓе.
Според она кое го напиша како лично искуство и сведоштво, типот речиси се удавил пред три години, а мигови пред спасувачите да го извадат од вода, тврди дека се почувствувал како да патува низ времето.
„Подарено ми е спознание за тоа каде одат добрите, а каде лошите души“, ја започнува својата исповед овој Reddit корисник.
„Кога ќе умрете, ќе знаете дека сте мртви, бидејќи ќе се случи една од следниве две работи. Или ќе патувате низ нешто што изгледа како тунел полн со светлина или ќе се најдете на место на кое околу вас ќе има само темнина и страв“, продолжува типот.
Потоа тој детално го опишува „мрачното место“, тврдејќи дека таму го „намамиле“.
„На тоа место нема светлина и веднаш ќе знаете дека сте во пеколот и дека засекогаш ќе останете таму. Нема да имате ниакви други мисли освен дека сте лоша личност која ќе го прогонува вашиот ум. Поради темнината ќе бидете парализирани и во страв. Нема да гледате ништо друго освен мрачната празнина на пеколниот универзум без ѕвезди, без светлина, без ништо. Тоа не би му го посакал ниту на најлошиот непријател“, продолжува со описот „редитчијата“.
Тој понатаму тврди дека после тоа му го покажале „местото кадешто одат добрите луѓе“.
„Тој тунел, кој всушност не е тунел, однадвор изгледа како вжарен кабел кој полека се врти во вселената, а светлината која пробива од него се добрите души кои одат на подобро место. Имав среќа што бев воведен и таму, па посведочив нешто навистина неверојатно“, објаснува типот.
Иако многумина веруваат во вакви приказни и „сведоштва“, еден од елементарните и најсилни противаргументи на истите е фактот дека мозокот во недостиг на кислород почнува да халуцинира.