Тврди дека полицаецот непристојно ја допирал при претрес, полицијата го објави видеото како демант


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицаец од Лејтон, САД, е обвинет дека непристојно допирал и уапсил жена без никаква основа.

Градот Лејтон објавил снимка од службеното возило со цел да достави материјал според кој јавноста би можела самата да пресуди што точно се случило. Аманда Хаутон била да купи лекарства за нејзиниот син, кога една кола удрила во задниот дел на нејзиниот автомобил додека била на семафор. Повикала полиција и оттука сѐ отишло по ѓаволите, како што вели таа.

Полицаецот кој се одзвал на нејзиниот повик ја осомничил дека вози под влијание на дрога или алкохол и ја подложил на тест, по што извел заклучок дека треба да ја уапси. Потоа почнал да ја допира, наводно да ја пребара, на што таа приговорила вербално. Лејтонската полиција наводно има само три полицајки, па немало ништо невообичаено во тоа мажи полицајци да пребаруваат жени.

„Не допирај ме“, извикува жената, на што полицаецот одговара: „Можам да те пребарам, и токму тоа го правам.“

Хаутон вели дека се почувствувала злоставувано со пипкањето. Тестовите на крвта извршени подоцна не покажале никакви траги на дрога или алкохол во нејзиното тело. Таа сега го тужи градот Лејтон. Портпаролот на полициската станица смета дека според видео снимката од службеното возило, нема основа да се тврди дека полицаецот ги пречекорил своите овластувања на било кој начин.