Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според тврдењата на нејзиниот сопруг, Госијеме Ситоле од Јужна Африка, наводно, родила десет бебиња при едно породување, што ако се потврди ќе биде светски рекорд.
Сопруг Тебого Цотеци тврди дека неговата сопруга, 37-годишната Госијаме, родила седум момчиња и три девојчиња со царски рез.
„Среќен сум и полн со емоции, сега не можам да зборувам многу“, рече Цотеци. Неговата сопруга претходно изјавила дека нејзината бременост била сосема природна, иако случаите на ваква бременост се скоро секогаш резултат на вештачко оплодување, кога повеќе оплодени ембриони се вметнуваат во матката и со тоа се зголемуваат шансите за бременост.
Само пред еден месец, Халима Сисе роди девет деца во болница во Мароко, и ова е само трет ваков случај во историјата, а лекарите велат дека новороденчињата на Сисе мора да се следат најмалку шест недели во болница поради можни компликации .
Ако се потврди дека Ситоле навистина родила десет бебиња, тоа ќе биде нов светски рекорд, но нејзините деца исто така ќе мора да бидат под надзор на болничкиот персонал неколку недели, пишува Дејли меил.
Gosiame Thamara Sithole gave birth to 10 babies (she & her doctors thought she was expecting 6… then 8…).
The 37-year-old is now the mother of 12 (the decuplets join their 6-year old twin siblings)
She is now in the Guinness World Book of Records.
🤰🏾https://t.co/N7PKXQUDUJ— Ottilia Anna MaSibanda (@MaS1banda) June 8, 2021
Досега, рекордот го држи Натали Сулеман од Калифорнија, која родила осум деца во 2009 година и сите преживеале.