Тврди дека Кристиано Роналдо ја силувал пред девет години во Лас Вегас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американката Катрин Мајорга ја разбранува јавноста со своето тврдење дека во 2009 година, во Лас Вегас, била брутално силувана од славниот фудбалер Кристиано Роналдо.

34-годишната Американка тврди дека со Роналдо случајно се запознале во еден ноќен клуб во Вегас, каде тој пришол кон неа и ја прашал дали може да ја почести пијачка. Досега молчела за овој случај бидејќи наводно Роналдо ја искеширал со 375.000 долари за нејзиниот молк, како што тврди таа.

Со Роналдо се запознале во ВИП ложата од еден ноќен клуб во Вегас, по што завршиле во приватна соба. Според сведоштвата на Мајорга, фудбалерот ја терал да му го допира половиот орган, што за неа било смешно. Но, како што тврди таа, Роналдо, за кој таа вели дека е лудак, скокнал врз неа и ја силувал без кондом иако таа неколку пати му рекла да престане и дека не сака секс со него.

Катрин се решила сега да проговори за овој наводен инцидент, бидејќи уште трпела сериозни психички последици и трауми, па преку своите адвокати сакала да ја поништи и прогласи за неважечка вонсудската спогодба која ја направила со Роналдо и во чии рамки тој ја исплатил погоре споменатата сума.