Тврдат дека го снимиле митскиот Јети додека возеле ноќе по зафрлен пат


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Камерата поставено во едно возило во Русија, за време на ноќното возење, забележала како бело суштество со голема брзина го преминува заснежениот пат, пренесува Express, додавајќи дека снимката е направена на пат кој се наоѓа во планински предел висок 1.580 метри, 33 километри оддалечени од најблиското село.

Сето ова се случило на 260 километри оддалеченост од Уфа, главниот град на областа Башкирија. Вадим Гилманов, кој се наоѓал во возилото кога е направена снимката, го коментираше случајот за TVNZ.

„Не е пронајден ниту еден доказ. Секако, тоа би можела да биде и нечија местенка, но од друга страна, кој така брзо би можел да претрча преку патот и тоа среде ноќ, среде таа пустелија“, се прашува тој.

Зоологот Анатолиј Јаковлев ги отфрла наводите дека суштеството кое е снимено навистина е митскиот Јети.

„Ниту еден експерт никогаш не пронашол ниту една коска или измет од Јети. Жал ми е, но нема никакви докази. Обично станува збор за халуцинации и фантазија“, истакнува тој. Но, останува прашањето ако човекот халуцинира и фантазира, како може камерата да го направи тоа.