Твитот на Трамп кој ја намали цената на американската нафта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку земјите членки на ОПЕК не ја намалат цената на нафтата, претседателот Доналд Трамп најави дека САД ќе ја повлечат американската воена поддршка за државите од Блискиот Исток.

,,Ние ги штитиме земјите на Блискиот Исток, кои без нас не би биле долго време безбедни, а тие сепак поттикнуваат се повисока и повиока цена на нафтата. Ќе го запамтиме тоа. Монополот на ОПЕК мора да ги намали цените”, напиша Трамп на Твитер.

Откако Трамп го објави овој „твит“, цената на американската нафта ,,lake” (WTI) падна на 0,2 отсто. Во средата цената на оваа нафта надмина 70 долари за барел, а претходниот месец поскапе за осум проценти.