Твитер корисниците ќе можат да означуваат објави со лажни вести


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Социјалната платформа Твитер објави дека врши тестирања на новата опција со која на нивните корисници ќе им овозможи да означуваат лажни информации објавувани од политичари и други јавни личности. Под такви твитови, корисниците ќе можат да додадат ознака во светла боја.

„Истражуваме повеќе начини како да се откриваат дезинформации и да се обезбеди поголем контекст на твитови. Дезинформирањето е критичен проблем и ќе тестираме повеќе различни начини за негово решавање“, соопшти Твитер.

Оттаму додаваат дека проектот е во рана фаза на развој и моментално не се користи.

„Ен-Би-Си њуз“ објави еден од примерите како би изгледало тоа и тој содржи опција „пријава од заедницата“. Корисниците притоа би добивале поени и беџови за означување содржини кои се „штетно неточни“.

Твитер и останатите слични компании се наоѓаат под голем притисок да се ангажираат повеќе во борбата против лажни вести на своите платформи. Тие воведоа низа мерки во изминатите месеци со цел да се спречи мешањето во претседателските избори во САД во ноември, но многумина сметаат дека тоа не е доволно.