Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кинез именуван само како Ксиао, тужеше ланец од супермаркети поради наводна кражба која му ја направиле вработените на каса од 0,04 јуани (0,0059 долари).
Ксиао пред судот каде ја поднесе тужбата против ланецот супермаркети изјави дека после купувањето во еден од нивниот супермаркет Јонгхуи Суперстор, при плаќање на сметката на каса која изнесувала 54,76 јуани, тој на касиерот му дал 55 јуани, а касиерот му вратил кусур од 0,20 јуани, наместо 0,24 јуани, заокружувајќи ја сметката на 57,80 јуани.
Револтираниот муштерија изјавил дека воопшто не му било дојдено до тие 0,04 јуани (0,0059 долари), но реагирал така, со тужба, бидејќи сметал дека принципот на заокружување на сумите од сметките во супермаркетот е измама, па одлучил со судски процес да го сврти вниманието на јавноста врз таа пракса, надевајќи се дека нешто ќе смени во самиот систем.
Ксиао ја поднел сметката како клучен доказ дека е измамен, а адвокатот на Јонгхуи Суперстор немал друг избор освен да ја прифати грешката од вработените на својот клиент, да се извини на тужителот и на пошироката јавност.
„Методот на заокружување на децималните износи во сметките не го почитува во целост правото на потрошувачите и им предизвикува непријатност“, изјави адвокатот. „Во врска со тоа, му се извинуваме на господинот Ксиао и на пошироката јавност“, изјави адвокатот.
Судијката пресуди маркетот да му го врати преостанатиот кусур од 0,04 јуани на Ксиао, како и да ги плати судските трошоци во висина од 50 јуани. Тоа може да звучи и делува безначајно, но тужителот Ксиао смета дека ја постигнал својата сакана цел, со оглед на фактот дека оваа случка стана вирална на социјалните мрежи, а тој доби голема поддршка во јавноста.