Тужба за Џеј Ло од стриптизерката чиј лик го игра во новиот филм „Hustler“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


46-годишната стриптизерка Саманта Барбаш им се насрчи на авторите од славниот холивудски блокбастер „The Wolf of Wall Street“ со тужби со цел да им издејствува парични обештетувања, а сега за тоа на ред дојде и славната латино дива и актерка Џенифер Лопез.

Имено, пред неколку дена Џеј Ло на инстаграм сподели фотографија на која е облечена во минијатурен костим за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Со оваа фотографија ја најави промоцијата на новиот филм „Hustlers”, кој ги следи животите на некогашните стриптизети кои одлучиле да ги “олеснат“ своите клиенти од Вол стрит.

Тоа навистина и се случило пред неколку години, а Саманта поради ова кривично дело е осудена на пет години условна казна и смета дека има права врз филмот и сака дел од заработката, пишува „Њујорк пост“.

Саманта сега бара надомест од продуцентот на овој филм но и од оваа латино дива.

„Доколку сака да заработи на мојата приказна, тогаш треба и да признае дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаков надомест. Ќе го сопреме снимањето“ – изјавила Саманта за „Њујорк тајмс“.

Порталот наведува дека таа била на чело на таа “банда“ и заедно со колешките ги дрогирале мажите, а потоа им ги празнеле кредитните картички.

На мета намерно им биле женети мажи, кои не би смееле на своите жена да им признаат како исчезнале парите.

„Чест ми е што таа ќе ме глуми, но мислам дека прво требаше со мене да разговара. Ја знам целата вистина“ – додала таа.