Тужба за Џастин Бибер: „Поради тебе останав инвалид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планетарно популарната музичка ѕвезда Џастин Бибер се соочува со кривична тужба која против него ја поднесе еден холивудски фотограф.

Пред две години, после една неделна црковна миса на Беверли Хилс, Џастин Бибер со својот автомобил предизвикал сообраќајна несреќа.

Со својот автомобил Бибер го удрил холивудскиот фотограф Вилијам Ламонт. Младиот пејач веднаш излегол од автомобилот и се обидел да му помогне на повредениот фотограф. Вилијам Ламонт кој сега поднел обвинение против пејачот поради таа несреќа.

-Останав траен инвалид поради него, емоционално сум оштетен и барам оштета, порачал фотографот во судските документи, но во истите документи тој не прецизирал кои повреди му ги нанел Џастин Бибер при несреќата.