Туск и порача на Македонија да не се откажува: Унијата не го положи испитот, лично се срамам!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск им порача на Македонија и Албанија да не се откажуваат од својот европски сон откако и двете земји не добија датум за почеток на пристапни преговори со Европската Унија.

„Повеќето земји сакаа да се отворат преговори со Македонија и Албанија, но на крајот беше решено ова прашање да се остави за следниот Самит во Загреб, што ќе се одржи во мај 2020. Македонија и Албанија не треба да се обвинуваат себеси за тоа. Двете земји исполнија што баравме од нив и тука особено би го истакнал Преспанскиот договор, кој е исклучително постигнување“, изјави Туск на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.

„Тие се подготвени, но неколку земји членки не се подготвени и лично мислам дека тоа беше грешка. Сакам да им испратам порака: ‘Ве молам, не се откажувајте!‘. Јас ја разбирам вашата фрустрација во овој момент, затоа што вие завршивте работа, не и некои од нас. Македонија и Албанија го положија испитот, не и Унијата. Лично, чувствувам срам. Понекогаш треба премногу време за да се донесе одлука, но сигурен сум дека еден ден ќе бидете полноправна членка на Европската Унија. Гледајте на посветлата страна, повеќе од 20 земји сакаат процесот на проширување да продолжи. Ова не е крај на приказната. Ќе продолжиме со дискусии и можеби да се најде решение пред Самитот во мај“, изјави Доналд Туск.